Author:
Богоева-Костовска Ксенија,Димитровски Чедомир
Abstract
ОСНОВА: Хомоцистеинот (Нсу) е амино киселина која содржи сулфур. Целото количество на хомоцистеин во организмот се формира преку циклусот на метилција од аминокиселината метионин, како основен и единствен извор на хомоцистеин. Во плазмата Нсу се наоѓа слободен само 1%, додека 70% се наоѓа врзан за албумините. Во метаболизмот на Нсу се инволвирани три ензими: метионин синтаза (МС), метилентетрихидрафолат редуктаза (МТХФР), цистатионин Б сентитаза (ЦБС) како и витамините B6, B12 и фолната киселина, како кофактори на овие ензими. Во случај на нарушување на метаболизмот на хомоцистеинот поради ензимски дефект или поради недостиг на некој интрацелуларен кофактор, доаѓа до акумулирање на Нсу во клетката и потоа до негово екскретирање и зголемување на нивоата во циркулацијата.
ЦЕЛ: Целта на ова истражување е да се добијат податоци со кои би се докажала корелацијата на плазма хомоцистеинот во однос на етиологијата на микроваскуларните и макроваскуларните комликации како и можноста за негова употреба како ран предиктор во дијагностиката на васкуларните компликации кај пациентите со дијабетес мелитус.
МЕТОДИ: Трудот претставува ретроспективно-проспективно истражување кое се одвиваше на клиниката за ендокринологија и болести на метаболизмот во Скопје. Студијата вклучи 80 пациенти со дијабетес мелитус 2. Регрутираните пациенти беа поделени во две групи: 50 пациенти со дијагностицирани васкуларни компликации и група од 30 пациенти без придружни компликации, која воедно е и контролна група.
РЕЗУЛТАТИ: Од обработката на податоците, помеѓу микроваскуларните компликации сигнификантно најзастапена беше нефропатијата со 32%, потоа ретинопатијата со 29% и микроалбуминуријата со 27.5%. Од макроваскуларните комликации сигнификантно и значајно најзастапени беа хипертензивната болест со процентуална застапеност од 31%, и периферната артериска болест со 12.50%. Високи вредности на хомоцистеин беа нотирани кај двете групите на пациенти со микроваскуларни и макроваскуларни компликации во однос на контролната група на пациенти, каде вредностите на хомоцистеин беа помеѓу нормалните граници.
ЗАКЛУЧОК: Хиперхомоцистеинемијата претставува ризик фактор во етиологијата на хронични компликации кај пациентите со дијабетес мелитус тип 2. Сепак, потребни се понатамошни истражувања кои би дале јасни податоци за влијанието на зголемените нивоа на хомоцистеин и неговата улога во оштетувањето на ендотелот на крвните садови и појава на долготрајни васкуларни компликации.
Publisher
Scientific Foundation SPIROSKI
Reference31 articles.
1. International Textbook of Diabetes Mellitus, 2 Volume Set, 4th Edition. R. A. DeFronzo (Editor), E. Ferrannini (Editor), P. Zimmet (Editor), George Alberti (Editor). Wiley-Blackwell, April 2015.
2. Global Guideline for type 2 Diabetes. available at: http://www.idf.org/webdata/docs/IDF% 20 GGT2D.pdf,accessed january 16,2006
3. ACE/AACE Diabetes Recomandatios. Endocrine Practice. 2006;12(Suppl.1):6-13. http://dx.doi.org/10.4158/EP.12.S1.6 PMid:16627372
4. The Diabetes control and comпlications trial research group. The Effects of Intensive treatment of diabetes on the Development and progression of Long term complications in Insulin –Dependent diabetes mellitus. NEJM. 1993;329-977-86.
5. Bogoev M, Diabetes Mellitus, Etioptogeneza, Mikrovaskularni komplikacii i terapija. Vol 1. Skopje: 3D-studio, 2003: 11-205