Присуство на анти-ТФ4/хепарин антитела кај пациенти профилактички третирани со еноксапарин после ортопедски оперативен зафат

Author:

Јордановска-Гучева Натали,Карталов Андријан,Кузмановска Билјана,Самарџиски Милан,Гучев Филип

Abstract

Хепарин-индуцираната тромбоцитопенија (ХИТ) е предизвикана од антитела кон тромбоцитниот фактор 4 (ТФ4)/хепарин комплексот. Таа значително го зголемува ризикот од крвавење и тромбоза кај пациентите, што е особено есенцијално во постоперативниот период. Во оваа студија ја проценуваме стапката на сероконверзија на анти-ТФ4/хепарин антителата кај пациенти со ревматоиден артритис и остеоартритис по имплантација на протеза на колк или колено лекувани профилактички со еноксапарин. Целта на истражувањето беш да се процени ризикот од хепарин-индуцирана тромбоцитопенија преку евалуација на индукцијата на анти-ТФ4/хепарин антителата кај пациенти со ревматоиден артритис и остеоартритис по имплантација на протеза на колена или колк, лекувани профилактички со еноксапарин. Материјал и методи: Беа испитани 36 пациенти, на возраст од 18 до 80 години, по имплантација на протеза на колк или колено, лекувани профилактички со еноксапарин. Пациентите беа поделени во две еднакви групи, односно пациенти со ревматоиден артритис (РА) и пациенти со остеоартритис (ОА). Пациентите беа следени за време на хоспитализацијата на Клиниката за ортопедски болести за појава на ХИТ. Во два наврата беше земена венска крв, од периферна вена, за имунолошки иследувања. Прв пат тоа беше направено пред почеток на лекување со еноксапарин, а втор пат постоперативно, 10 дена по оперативниот зафат. Беа нотирани демографски податоци, анти-ТФ4/хепарин антитела, седиментација на еритроцити (ESR), CRP, RF, CCP, ANA, појава на ХИТ. Резултати: Немаше сигнификантна разлика во вредностите на анти-ТФ4/хепарин кај пациентите со ОА и РА предоперативно. Стапката на анти-ТФ4/хепарин антитела кај пациентите со РА беше сигнификантно пониска од онаа кај пациентите со ОА (7,14% наспроти 27,27%, р=0,034). Немаше сигнификантна поврзаност на вредностите на анти-ТФ/4 антителото со вредностите на ESR, CRP, RF, CCP или ANA. Заклучок: Резултатите укажаа на намалена инциденција на анти-ТФ4/хепарин антитела кај пациентите со РА во споредба со оние со ОА. Ова укажува дека постои разлика во анти-ТФ4/хепарин имуниот одговор кај пациенти со РА наспроти оние со ОА, профилактички лекувани со еноксапарин, по ортопедски оперативен зафат за имплантација на протеза на колк или колено.

Publisher

Scientific Foundation SPIROSKI

Subject

General Medicine

同舟云学术

1.学者识别学者识别

2.学术分析学术分析

3.人才评估人才评估

"同舟云学术"是以全球学者为主线,采集、加工和组织学术论文而形成的新型学术文献查询和分析系统,可以对全球学者进行文献检索和人才价值评估。用户可以通过关注某些学科领域的顶尖人物而持续追踪该领域的学科进展和研究前沿。经过近期的数据扩容,当前同舟云学术共收录了国内外主流学术期刊6万余种,收集的期刊论文及会议论文总量共计约1.5亿篇,并以每天添加12000余篇中外论文的速度递增。我们也可以为用户提供个性化、定制化的学者数据。欢迎来电咨询!咨询电话:010-8811{复制后删除}0370

www.globalauthorid.com

TOP

Copyright © 2019-2024 北京同舟云网络信息技术有限公司
京公网安备11010802033243号  京ICP备18003416号-3