Коронавирусот кај бремени пациентки и нивните клинички исходи – резултати од студија на случај-контрола

Author:

Кадриу Ромир,Демири Илир,Димитров Горан

Abstract

ОСНОВА: Избувнувањето на  КОВИД-19, предизвикано од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, поттикна обемни истражувачки напори за разбирање на неговите разновидни клинички презентации и влијанија врз различни популации на пациенти. Меѓу овие популации, бремените жени привлекоа значително внимание поради загриженоста за потенцијалните последици од  КОВИД-19 за време на бременоста. ЦЕЛ: Примарната цел на оваа студија е да одреди дали бремените пациентки со САРС-КоВ-2 искусиле различни исходи од небремени пациентки на иста возраст, во однос на исходите од акутната епизода, како потреба од кислородна терапија и исход од лекувањето. Секундарна цел на студијата е да се одреди присуството на ризик факторите за исход од инфекција со САРС-КоВ-2, како присуството на коморбидитети, но и нивото на различни лабораториски маркери за време на хоспиталниот престој, и нивните разлики помеѓу случаите и контролите. МЕТОДИ: Како случаи беа дефинирани пациентките кои имаа 1) наод кој ја потврдува нивната бременост (ултразвучен наод) достапен во нивната документација или електронски картон, 2) позитивен тест за САРС-КоВ-2, базиран на PCR-метода, како и 3) симптоматологија од горниот респираторен систем или системски знаци. Како контролни пациентки беа дефинирани исто како случаите, но со податок дека не се бремени. За време на болничкиот престој, кај сите пациенти беа рутински одредувани повеќекратни лабораториски мерења на параметри од периферна крв, вклучувајќи комплетна крвна слика (еритроцити, леукоцити, тромбоцити и диференцијална крвна слика), ц-реактивен протеин, активност на лактатна дехидрогеназа и ниво на д-димери. Статистичката анализа беше спроведена со користење на соодветен софтвер (SPSS). За да се сумираат карактеристиките на испитуваната популација се користеа описни статистички податоци, вклучувајќи средини, стандардни отстапувања и проценти. РЕЗУЛТАТИ: Најдени се статистички значајно помали вредности кај бремените жени за заситување со кислород и бројот на тромбоцити, додека е најдено статистички значајно зголемување на бројот на леукоцити, Д-димери,  уреа и глукоза. Постојат статистички значајни разлики анализирани со Хи-квадрат тест кај варијаблите неинвазивна вентилација, специфична терапија за корона (remdesivir, tocilizumab, favipiravir), шеќерна болест и друга дијагноза која може да влијае на исходот од САРС-КоВ-2. ЗАКЛУЧОЦИ: Овие наоди покажуваат дека бремените жени може да имаат различни клинички профили кога се погодени од КОВИД-19, нагласувајќи ја важноста на приспособените стратегии за здравствена заштита за оваа популација.

Publisher

Scientific Foundation SPIROSKI

Subject

General Medicine

同舟云学术

1.学者识别学者识别

2.学术分析学术分析

3.人才评估人才评估

"同舟云学术"是以全球学者为主线,采集、加工和组织学术论文而形成的新型学术文献查询和分析系统,可以对全球学者进行文献检索和人才价值评估。用户可以通过关注某些学科领域的顶尖人物而持续追踪该领域的学科进展和研究前沿。经过近期的数据扩容,当前同舟云学术共收录了国内外主流学术期刊6万余种,收集的期刊论文及会议论文总量共计约1.5亿篇,并以每天添加12000余篇中外论文的速度递增。我们也可以为用户提供个性化、定制化的学者数据。欢迎来电咨询!咨询电话:010-8811{复制后删除}0370

www.globalauthorid.com

TOP

Copyright © 2019-2024 北京同舟云网络信息技术有限公司
京公网安备11010802033243号  京ICP备18003416号-3